Нигериската фудбалска репрезентација доживеа непријатно искуство пред мечот против Либија на гости, кој треба да се игра утревечер во квалификациите за Африканскиот куп на нации.
Нигериската експедиција пристигна во Либија, но на аеродромот останала „заробена“ цели 12 часа. Ѕвездите како што се Виктор Бонифејс, Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Адемоле Лукман… морале да спијат на аеродромот и да чекаат да бидат „ослободени“.
Nigeria captain William Troost-Ekong shared photos of Victor Boniface, Calvin Bassey, and other Super Eagles players after revealing that the team was stranded at a Libyan airport for over 12 hours without access to food or drink 😳
(📸 @WTroostEkong) pic.twitter.com/XPd2U2MYOs
— ESPN Africa (@ESPNAfrica) October 14, 2024
„Ова не е фудбал. Многу непријатно. Репрезентацијата беше заложник 12 часа. Срамота“, кратко прокоментира Ндиди, а напаѓачот на Баер Леверкузен, Бонифејс додаде: „Бевме на аеродромот речиси 13 часа. Нема храна, нема интернет, нема место за спиење. Африка, можеме подобро од ова“.
Нигерија во петокот на домашен терен славеше против Либија, а сега треба да игра возвратен меч на гости.