Синот на босанската фудбалска легенда и актуелен директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, Ник, тргнува по стапките на татко му и ќе игра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Ник доби повик да игра за У-21 селекцијата на БиХ и со прифаќањето, ги разреши сите дилеми околу тоа за кој национален тим сака да игра.
Мајката на Ник е Шпанка, па тој имаше опција да игра и за Шпанија, а роден е во Германија, па може да игра и за Германија. Сепак, изборот му е Босна.
Младиот Салихамиџиќ има 20 години и игра за италијанскиот второлигаш Козенца, каде што е позајмен од Баерн.

