30.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Ник Волтемаде веднаш даде гол за победа за Њукасл (Видео)

Фановите на Њукасл имаат нов херој, Ник Волтемаде, кој донесе победа од 1-0 против Вулверхемптон. Ова веројатно ќе придонесе фановите на тимот многу побрзо од очекуваното да го заборават Александар Исак, кој летово по долга трансферна драма го напушти „Сент Џејмс Парк“ и прејде во Ливерпул.

Новото засилување Ник Волтемаде погоди во 29-тата минута со одличен удар со глава и донесе важен триумф.

Борнмут го победи Брајтон со 2-1, Фулам славеше против Лидс со 1-0, а два меча завршија без голови, Кристал Палас – Сандерленд и Евертон – Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести