Никако да најде заеднички јазик со Зидан, Бејл повторно гледа кон Кина

Сагата околу Герет Бејл во Реал Мадрид дожиеа нов пресврт,. Велшкиот офанзивец повторно посакува да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Овојпат причината е недоразбирање со тренерот Зидан, но не поради лоша тактика или слаб учинок, туку поради изоставување на Бејл од стартните 11 за дуелот од второ коло во ЛШ, во кој Реал ремизираше со Клуб Бриж при конечни 2-2.

Како што известува „Марка“, Зидан по препорака на медицинскиот тим, одлучил да го одмори Бејл за да се избегне евентуална повреда, но Велшанецот тоа го сфатил како намерно да бил изоставен од тимот, по што му наредил на својот агент да му бара нов клуб.

Шпанскиот медиум шпекулира дека Бејл повторно гледа кон Кина, а Шангај Шенхуа се чини како најдобра опција, клубот кој пред извесно време го одби. Реал не може да најде европски клуб кој ќе се нафати да му плаќа 17 милиони евра годишна плата на стомилионското засилување на Кралевите од 2013 година, па затоа Далечниот Исток останува како единствена опција.

Бејл планира уште во јануарскиот преоден рок да ја оствари преселбата, нормално само ако клубовите се договарат за цена, односно агентот на фудбалерот да му договори примања кои ќе го задоволат Бејл.

- Оглас -

Најнови вести