Директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо, изјави дека постои реална можност Рафаел Надал да не настапи на вториот гренслем-турнир годинава поради повреда.
Морезмо за Би-би-си изјави дека е свесна дека Ролан Гарос може да помине без тенисерот кој дури 14 пати го крена шампионскиот пехар, но и дека се надева дека тоа нема да се случи.
„Очигледно е дека постои можност Надал да не биде подготвен за настап и да не дојде во Париз. Сепак, тоа што го знам е дека ако постои еден турнир на светот кој Надал не сака да го пропушти, тогаш тоа е Ролан Гарос. Има уште пет недели до стартот на Ролан Гарос, се надевам и ќе продолжам да се надевам и ќе му држам среќа на Рафа целосно да закрепне. Ќе биде тешко да се замисли Ролан Гарос без него. Тој беше голем дел од историјата на турнирот во последните 20 години, навистина би било навистина да не настапи годинава“, изјави Морезмо.