Нико Ковач: Барселона е фаворит, но ние веруваме во нашите можности

Барселона на свој терен ја пречекува Борусија Дортмунд во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Фаворитката улога ја има домаќинот, но не треба да се заборави дека германскиот тим минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите. Тоа само потврдува дека Милионерите се ривал од којшто може да се очекува да направи изненадување дури и во двомеч со противник каков што е каталонскиот гигант.

Тренерот на Борусија, Нико Ковач, најави голема борба и потврди дека неговите момци нема да се предадат против фаворизираниот противник.

„Сигурно дека фаворитската улога ја има Барселона. Сепак, не треба да се заборави дека Борусија Дортмунд минатата сезона играше во финалето на ЛШ, а никој тоа не го очекуваше. Работиме напорно, се бориме еден за друг. Можеби не сме фаворити, но ние веруваме во нашите квалитети и во формата во која се наоѓаме. Мислам дека имаме добри шанси да стигнеме до полуфиналето“, вели Ковач пред денешниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести