Нико Ковач е еден од двајцата заразени членови на Монако со ковид-19, известуваат француските медиуми. Кнезовите потврдија два позитивни случаи вчера пред пријателскиот дуел против Ница, а медиумите од таму дојдоа до информации дека се работи токму за новиот тренер на Монако.
Доколку се потврди позитивен случај кај Ковач, тој ќе биде првиот тренер од Лига 1 кој се соочува со опасниот вирус. Вториот заразен член на Кнезовите е голманот Бенжамен Лекомт. Инаку, Монако потврди дека двајцата членови се асимптоматични и се во изолација.
Монако на 13 септември има закажано дуел против Нант во рамки од третото коло во Лига 1, а ќе се види дали Ковач ќе ја предводи екипата, или пак самоизолацијата нема да му дозволи да ги изврши обврските.
https://twitter.com/AS_Monaco/status/1301939004191932416