Дел од навивачите на Баерн Минхен не се задоволни што клубот го ангажира Иван Перишиќ, сонародникот на тренерот Нико Ковач. Перишиќ, кој има 30 години, ќе биде позајмен со можност следното лето да биде целосно откупен.
„Критиките на негова сметка не се на место. Зборувате за него како да е лош играч, а не е лош. И Штефан Ефенберг дојде во Баерн кога имаше 30 години, исто како и Иван, и го предводеше тимот во Лигата на шампионите. Мора да престанеме да гледаме само на годините, туку и на тоа што тие фудбалери го постигнале и како може да му помогнат на клубот.