Нико Ковач се жали: Некои од клубовите на СКП имаат предност поради жештината

Борусија Дортмунд е голем фаворит за победа во дуелот против Мамелоди, во второто коло од Светското клупско првенство. Овој меч се игра во еден од најжешките термини во САД, а тренерот на Борусија, Нико Ковач смета дека тоа е голем проблем за неговата екипа.

„Клубовите од појужните делови имаат предност поради жештината. Мечот во Синсинати ќе биде на пеколно време. Може само да претпоставите како ќе се чувствуваат нашите играчи на теренот нна тоа силно сонце. На теренот е дополнително два-три степени потопло“, вели Ковач.

Прогнозите се дека кога ќе се игра мечот, температурата ќе достигне до 34 степени.

„Темпото на натпреварите не е на високо ниво затоа што е невозможно да се игра на толку топло време. Кога гледаат луѓето на телевизија треба да имаат впредвид дека е многу жешко на теренот“, додаде тренерот на Борусија.

- Оглас -

Најнови вести