Фудбалерите на Комо обезбедија место во четвртфиналето на Купот на Италија, откако вечерва со пресврт ја совладаа Фиорентина на гости со 1-3.
Домаќините поведоа рано, веќе во седмата минута, кога Пиколи искористи асистенција од Фабијан за 1-0. Меѓутоа, Комо брзо се врати во игра. Во 20-тата минута, по хаотична ситуација пред голот по корнер, Диего Карлос шутираше, а Серхи Роберто ја смести топката во мрежата за 1-1.
Во 28-та минута, тренерот Сеск Фабрегас беше принуден да го внесе Нико Паз по повредата на Довикас, и токму тој се покажа како клучен играч. По брз и убав напад на Комо, Паз со прецизен удар по земја го донесе водството од 1-2.
Во завршницата, Фабрегас го повлече Паз за да му овозможи одмор, а на теренот го испрати Алваро Мората. Легендарниот Шпанец во судиското продолжение ја потврди победата на гостите, со лесен удар за конечни 1-3.
Во четвртфиналето на Купот на Италија, се среќаваат: Болоња – Лацио, Аталанта – Јувентус, Интер – Торино, Наполи – Комо.

