Нико се повреди, па брат му Ињаки Вилијамс мораше да даде два гола против Фенербахче (Видео)

Атлетик Билбао во Истанбул го победи Фенербахче со 2-0 и сега баскискиот тим е лидер на табелата во Лигата на Европа со 16 бода од шест меча.

Двата гола за Билбао ги постигна Ињаки Вилијамс во првото полувреме. Вториот беше прекрасен и може да го погледнете ТУКА.

Неговиот помлад брат Нико се повреди и излезе при 1-0, и тоа е лошата вест за Атлетик.

Фенер со 8 бода е само 15-ти на табелата, но сигурно ќе падне за неколку места откако утре ќе се комплетира колото.

- Оглас -

Најнови вести