Нико Вилијамс кажа „да“ за трансфер во Барселона?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, наводно се согласил да стане нов играч на Барселона, објавија шпанските медиуми.

Веднаш по Европското првенство започна каталонската офанзива врз помладиот од браќата Вилијамс, а речиси секојдневно сме сведоци на различни информации околу тоа каде ќе ја продолжи неговата кариера.

Процесот на трансфер беше отежнат поради неговиот неодамна потпишан договор со Атлетик Билбао до 2027 година и откупната клаузула од 58.000.000 евра, но Барселона успеа да најде финансиска конструкција и се чекаше само неговата согласност.

Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Нико Вилијамс конечно одговорил потврдно и во следната недела неговиот трансфер би требало да се реализира.

По Дани Олмо, Барселона на тој начин ќе „грабне“ уште еден херој на Шпанија од последното Европско првенство и со тоа ќе го заврши летниот преоден рок, барем кога станува збор за трансфери од ваков значаен карактер.

- Оглас -

Најнови вести