Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, ќе ги пропушти првите два натпревари во Лигата на шампионите.
Нико Вилијамс се повреди во неделата, во првото полувреме на натпреварот Турција – Шпанија (0-6) во квалификациите за Светското првенство. Клубот соопшти дека напаѓачот има повреда на левиот бутен мускул.
Атлетик не открива точно кога Вилијамс ќе се врати на теренот, но според проценките, тој ќе паузира најмалку еден месец и ќе ги пропушти мечевите против Арсенал и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Атлетик Билбао ќе го пречека Арсенал на 16 септември во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова е првпат клубот од Баскија да настапува во елитното натпреварување од сезоната 2014/15.