Нико Вилијамс на умешен начин ја „откачи“ Барселона

Шпанскиот репрезентативец и играч на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е еден од најбараните фудбалери во пресрет на летниот преоден рок. И покрај новиот договор што неодамна го потпиша со клубот, младиот офанзивец е еден од посакуваните играчи за Барселона, но и за неколку други европски гиганти.

Баскијците се заштитија пред неколку месеци, кога го „врзаа“ до 2027 година и во тој поглед заинтересираните тимови ќе треба да понудат околу 60 милиони евра ако сакаат да го добијат.

Тој е многу близок пријател со Ламин Јамал, ​​со којшто е цимер за време на Европското првенство, одлично се согласуваат и на теренот и надвор од него, па оттаму и шпекулациите за негов трансфер во Барселона.

Сепак, Нико Вилијамс имаше интересен одговор дали во иднина би сакал да настапува со Ламин Јамал, Фермин Лопез и Педри.

„Би сакал да играм со нив, секако, но во репрезентацијата“, изјави Нико Вилијамс.

 

- Оглас -

Најнови вести