Нико Вилијамс одлучил каде ќе ја продолжи кариерата

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао и на шпанската репрезентација, Нико Вилијамс, донел одлука во врска со својата иднина, објави каталонскиот „Спорт“.

Според овој весник близок до Барселона, 22-годишниот Баскиец или ќе се пресели во Барселона или ќе остане во Атлетик Билбао. Вилијамс одлучил да ги игнорира сите други понуди. Има шпекулации дека Баерн Минхен и Арсенал се обидуваат да го потпишат, но тој ќе остане во шпанската Ла Лига, само уште не се знае во кој клуб.

Неодамна се зборуваше и дека Реал Мадрид размислува да го купи, но тоа брзо беше негирано и таа опција дефинитивно пропадна. Во Барселона имаат дилема дали да го земат Нико, кој е близок со Јамал, и некои други фудбалери на Барса. Фаворит на раководството е Луис Дијас од Ливерпул. Пред некој месец претседателот Жоан Лапорта рече дека лани, кога исто така многу се зборуваше за Нико во Барса, сепак не го купиле Нико затоа што тој е навивач на Реал.

Нико Вилијамс одигра 45 натпревари за Атлетик во сите натпреварувања во сезоната 2024/25, постигнувајќи 11 гола, а имаше и 7 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести