Никогаш не би се обложил против Новак

Поранешниот американски тенисер и рекет број еден, Енди Родик, изјави дека нема дилеми дали да се обложува против Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ вчера по седми пат го крена шампионскиот пехар на завршниот АТП Мастерс турнир кој се играше во Торино откако славеше над предводниците на новата генерација, над Карлос Алкарас во полуфиналето и над Јаник Синер во финалето.

Родик вели сè додека Новак игра тенис, никогаш нема да се обложи против него.

„Ова е мое досадно предвидување и ќе продолжам да го повторувам. Реков и вчера, а реков и пред три дена дека нема да се обложам против Новак Ѓоковиќ. Не дека не верувам дека некој може да го победи, но никогаш не би ги ставил моите пари против Новак. Сигурно е дека нема да се премислам во блиска иднина откако сите видоа што им направи на Синер и на Алкарас“, изјави Родик.

- Оглас -

Најнови вести