Никогаш не бил поголем коефициентот за победа на европскиот првак, но вардарци не се предавааат!

Европскиот ракометен првак Вардар денеска патува за Полска, каде што утревечер ќе игра против Кјелце, во меч од Лигата на шампионите. Овие два ривали играа само пред неколку дена, а Кјелце триумфално си замина од гостувањето во Скопје, победувајќи со 33:29.

До средината на второто полувреме нашиот првак се држеше, дури имаше и водство од 22:21, но противникот брзо стигна до пет гола предност, 29:24, и беше јасно кој ќе победи. Иако Кјелце е голем фаворит пред утрешниот меч, Вардарци не се предаваат предвреме.

„И пред првиот меч во Скопје, знаевме за каков противник се работи. Гледавме видеоанализи од минатонеделниот дуел, знаеме дека имаме уште многу работи да поправиме. Кјелце е квалитетна и искусна екипа. Нападот им функционира беспрекорно, а одбраната им е послаба алка. Ако ги намалиме на минимум нашите грешки, им ги спречиме транзицијата и тој напад, мислам дека ќе имаме добри шанси. Во првиот меч и ние игравме добро во нападот, постигнавме многу голови, но промашивме и многу зицери, па не смее тоа пак да се случи и да го разбраниме нивниот голман. Очекувам да се покажеме во подобро светло отколку на средбата во Скопје“, рече крилото Гоце Георгиевски.

Еден од најискусните во тимот на Вардар, бекот Марко Вујин вели дека Вардар ќе оди на победа, но останува да се види на теренот дали тоа ќе биде доволно за радост на крајот од средбата.

„Кјелце е силен противник, го видовме тоа на мечот во Скопје. Сега играа дома, но предноста на домашен терен и не е некоја предност кога е без навивачи. Направивме видеоанализи, се надевам дека ќе ги коригираме грешките од првиот дуел. Тие се врвна екипа, но и ние сме и сигурно играме да победиме, но ќе видиме дали тоа ќе биде доволно“, вели Вујин.

Според коефициентите во Sport Life, Вардар е апсолутен аутсајдер, но Црвено-црните многупати досега покажале дека знаат да изненадат тогаш кога никој не верува во нив.

 

- Оглас -

Најнови вести