Никогаш не биле европски прваци, а сега се главни фаворити за златото

Уште 20 дена остануваат до почетокот на Европско фудбалско првенство, а веќе започнаат прогнозите и калкулациите околу тоа која селекција со какви шанси е да стигне до тронот. Италија го има приматот на актуелен владетел, но сега Аѕурите ги нема во Топ 5 фаворитите за златниот трофеј.

Според коефициентите во Sport Life, две селекции посебно се издвојуваат за освојување на титулата. Англија која никогаш не била европски првак е прв фаворит за тронот со квота од 4.30, а Франција е веднаш потоа со коефициент од 4.50.

Германија која е домаќин на континенталниот собир е со квота од 6.50 и е трет фаворит, а во Топ 5 се уште и двете земји од Пиринејскиот полуостров, Португалија и Шпанија.

Сите останати селекции имаат двоцифрени или троцифрени квоти за шампион. Актуелниот првак Италија е во друштво со Белгија и Холандија со коефициент од по 15. Хрватска и Данска се оние национални селекции кои може да изненадат „од сенка“ и им се дава коефициент од 40.

Како најголеми аутсајдери на турнирот се сметаат Албанија, Словачка и Грузија кои имаат квота од 500 за да бидат европски прваци.

- Оглас -

Најнови вести