Никогаш не било поважно – Победа во Вадуз, за полуфинале во Скопје

Македонија има историска шанса да игра на Европското првенство, а вечерва од 20.45 часот треба да го направи клучниот чекор во фазата по групи во Лигата на нациите со победа против Лихтенштајн во Вадуз.

Победата на Белорусија против Луксембург вчеравечер ни го отвори ширум патот кон целта и со два триумфи до крајот против Лихтенштајн и со Гибралтар сигурно ќе бидеме домаќини на полуфиналето во Сегментот Д.

Првиот чекор мора да го направиме на „Рајнпарк“ денеска, од 20.45 часот, против стариот „муштерија“ Лихтенштајн.

Ги победивме убедливо со 3-0 во претходниот квалификациски циклус на истиот терен и сега сме апсолутни фаворити, но и со јасна цел. Со две победи до крајот на фазата по групи, Македонија сигурно ќе биде меѓу двете најдоброрангирани победнички селекции од четирите кои ќе играат полуфинале.

УЕФА одлучи во премиерното издание на Лигата на нациите, полуфиналињата и финалето да се играат во еден меч. И затоа е многу важна евентуалната победа вечер во Вадуц.

Ако го совладаме Лихтенштајн, а потоа и Гибралтар дома на 19-ти ноември, сигурно ќе бидеме пред Белорусија или Луксембург, кои се во трка за првото место во втората група од Сегментот Д и од Косово, Азербејџан, евентуално од Фарски Острови како првопласирани од третата група.

Реално е пред нас да биде само Грузија, иако и тоа сега не е сигурно, па во оптимистичка варијанта, Македонија може со 15 освоени бодови да биде и најдобрата селекција од Сегментот Д откако ќе заврши фазата по групи. Таков расплет нè носи во четвртиот барабан при ждрепката за редовните квалификации за пласман на ЕП 2020 година.

Но, сега е најважно да се стигне до позицијата да бидеме домаќини во полуфиналето во Сегментот Д во Лигата на нациите. Тоа ќе значи дека во нокаут-меч ќе играме во Скопје против треторангираниот, евентуално најслабо рангираниот победник на групата во Сегментот Д.

Најреално како што сега стојат работите е во Скопје да ни гостува Белорусија, а во второто полуфинале да игра Грузија против Косово или Азербејџан. Победниците од овие два меча би играле финале во Сегментот Д на неутрален терен, а поуспешниот од тој меч ќе патува на ЕП 2020 година.

 

Моментален изгледа на табелата на првопласираните во Сегментот Д:

 

Очекуван расплет по завршувањето на фазата по групи во Сегментот Д:

Грузија 16

Македонија 15

Белорусија 14

Косово 14 (Азербејџан 12)

 

Реално полуфинале: Македонија – Белорусија, Грузија – Косово (Азербејџан)

 

- Оглас -

Најнови вести