Никогаш не е доцна, Монреал на 34 години го прави трансферот на кариерата

Искусниот лев бек Начо Монреал речиси сигурно ќе го напушти Арсенал по завршувањето на оваа сезона, договорот нема да му биде продолжен, но тој нема да жали по лондонскиот тим доколку се потврдат најавите дека за него се интересира Барселона.

Шпанскиот првак бара достојна замена за Жорди Алба и наводно прв на листата на желби им е 34-годишниот Монреал. Доколку овој трансфер се реализира, Монреал на зрели фудбалски години ќе го достигне врвот во кариерата, иако ќе нема да игра премногу и ќе треба трпеливо да ја чека шансата како резерва на Алба.

Баскиецот Монреал потекнува од Осасуна, а во 2013 година од Малага премина во Арсенал и цели шест сезони настапува во Премиер лигата, период во кој одигра над 200 лигашки мечеви.

„Топчиите“ по заминувањето на Монреал би останале само со еден лев бек, Сеад Колашинац, и сигурно ќе треба да донесат свежа крв и засилување на тоа место. Прв на листата на желби им е Николас Талјафико од Ајакс, но за него има интерес и од други европски великани.

- Оглас -

Најнови вести