Никогаш не го провоцирајте Меси од трибини, казната доаѓа само за 12 секунди (Видео)

Селекцијата на Аргентина со 2:1 ја совлада Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар, а навивачите на Сокеросите научија дека никогаш не смеат да го навредуваат Лионел Меси од трибините бидејќи казната експресно ќе ги стигне.

Дел од австралиските фанови кои беа во близина на аут-линијата на нивната страна на стадионот „Ахмад бин Али“ стадионот го провоцираа еден од најдобрите фудбалери во историјата.

„Каде е Меси? Ти си ср*ње“, извикуваа дел од австралиските навивачи, а одговорот од Меси дојде само 12 секунди подоцна, кога фудбалерот на ПСЖ постигна гол и ѝ донесе предност на Аргентина.

Australia fans chanting "Where is Messi?" and Messi scored right after that. from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести