Никогаш не играл меч на АТП турнирите, го протнаа на Ролан Гарос и почна да прави чуда

Иго Гастон прави чуда на Ролан Гарос и веќе стаса до осминафиналето на гренслем турнирот во Париз, иако претходно никогаш не играл меч на АТП турнир.

Францускиот тенисер има 20 години и е рангиран на 239. позиција. Со победата против Станислас Вавринка стана првиот играч на гренслем турнирите по 2002 година што се пласирал во осминафинале, а е рангиран над 200-то место на АТП листата.

Гастон доби специјална покана за настап на Ролан Гарос, што е право на организаторот и максимално ја користи вајлд-картата. Игра лудо и во третото коло во маратонски меч со 3:2 го победи Вавринка, тенисер што беше шампион на турнирот во 2015 година.

И следниот предизвик за 20-годишниот тенисер е голем. Ќе игра против двојниот финалист на Ролан Гарос, Доминик Тим, кој губеше во последните два меча за титулата во Париз од Рафаел Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести