Никогаш нема да играат Лига на шампиони или Суперлига, ама реакцијата им е фантастична

Раководството на Гримзби, клуб од четвртата по ранг лига во Англија, реагираше на многу симпатичен начин на идеата за формирање на Суперлигата и нудат необична размена на дресови.

Акцијата ја нарекоа „дресови за амнестија“, а се однесува на сите што имаат дрес од шесте учесници во Суперлигата од Англија, а тоа се Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Манчестер сити и Тотенхем.

Дресовите треба да бидат не постари од три години или од колекциите за последните три сезони на големата шесторка на англискиот фудбал, а Гримзби како замена нуди реплика од нивниот најнов дрес за сезоната 2020/21.

На клупскиот сајт на Гримзби, клуб што е формиран пред 143 години и има огромна традиција, а моментно е член на Лига 2 во Англија,  на духовит начин е објаснета понудата.

Ова е досега најневообичаениот знак на протест на екипа од Англија на формирањето на Суперлигата на Европа, во која ќе играат 20 клубови, а досега се познати 12.

Проектот наиде на жестоки реакции од УЕФА со поддршка и на ФИФА, на фудбалските федерации на европските членки, на многу поранешни и сегашни фудбалери, клубови и особено отпор во широк фронт што го создадоа навивачите.

 

- Оглас -

Најнови вести