Никогаш нема да погодите кој е четвртиот спортист со над 100 милиони следбеници на „Инстаграм“

За Кристијано Роналдо, Лионел Меси или Нејмар нема кој љубител на спортот не слушнал, овие планетарни фудбалски и спортски ѕвезди се и најпопуларни според бројот на следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, а од неодамна во друштвото на спортисти со над 100 милиони следбеници на „Инстаграм“ влезе и крикет ѕвездата Вират Коли.

Многумина првпат слушаат за овој човек, но тој е многу популарен во Индија. Вират е капитен на репрезентацијата на Индија во крикет и влезе во друштвото „100 милиони“. На „Фејсбук“ Вират има над 36 милиони лајкови.

Вират е убедливо најпопуларен Индиец на „Инстаграм“, второто место го држи актерката Пријанка Чопра со 60 милиони. Неговата сопруга, Анушка Парма, која исто така е боливудска актерка, има 46 милиони следбеници.

Роналдо е прв на светот со 267 милиони и засега е недостижен.

- Оглас -

Најнови вести