Никогаш немало поатрактивно коло на Спортска прогноза

Од денеска стартува претпоследното коло на третата сезона на Спортска прогноза, а 13-те парови кои се во понудата се најатрактивни досега. Се работи за мечеви што се дерби до дерби, дуели кои може да бидат решавачки во домашните првенства, а секако и решавачки за Конечниот пласман на табелата на Спортска прогноза.

Возбудувањата ќе стартуваат в сабота од 15 часот, со дуелот Удинезе – Болоња, меч кој е како загревање за дерби-средбите кои следуваат во саботната понуда. Во Бундеслигата ќе играат Борусија Дортмунд – Лајпциг, во Шпанија е дербито Барселона – Атлетико Мадрид, а Манчестер сити и Челзи ќе играат во Премиер лигата, дуел кој може да биде и како најава за следното финале во Лигата на шампионите.

Од најатрактивните мечеви, во неделната понуда тука се дерби -дуелите меѓу Јувентус – Милан и Реал Мадрид – Севилја. Правилата добро ги знаете, за погодена Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 мечеви, главната премија е мобилен телефон „ајфон 11“. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека со 11 погодени ваучерот е на 500 денари.

Не чекајте, проверете ги 13-те парови од ова коло на Спортска прогноза и одиграјте бесплатно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести