Никогаш немало толку добри голови во еден месец како во декември 2006 година (Видео)

Премиер лигата памeти многу спектакуларни моменти и погодоци. Многу фудбалски мајстори продефилираа низ терените во Англија, многу потези кои ќе се прераскажуваат, но тоа што се случуваше во декември 2006 година досега не се повтори.

Во тој декември, во Премиер лигата беше најтешко да се одбере најдобриот гол на месецот. Погодоците на Пол Сколс, Мајкл Есјен, Франк Лампард, Дидие Дрогба и Мортен Гамст Педерсен беа феноменални и навистина беше многу тешко да се одбере најдобриот. На крајот, признанието му припадна на волеј ударот на Пол Сколс, иако кој било друг да беше одбран за најдобар немаше да биде грешка.

Уживајте во мајсториите кои се случуваа во декември 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести