Никогаш поблиску, неколку минути го делеа Илија од 13-ка на Спортска прогноза

Илија Ж. погоди 12 пара од основната понуда на Спортска прогноза за 30-тото коло на популарната бесплатна игра на Sport Life, а малку фалеше тој да стане и првиот со сите 13 погодени пара, што ќе му донесеше избор да одбере еден од трите подароци кои се нудат како премија.

За 12-ка, изборот е меѓу трите варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Вака, овој прогнозер ќе мора да се задоволи со вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари.

Илија падна на вториот пар игран во саботата, а ги погоди сите исходи на натпреварите играни вчера, во неделата. Единствениот меч што го утна е Келн – Унион Берлин, каде што типувал победа на гостите, а средбата заврши 3-2 за Јарците. Унион Берлин водеше со 2-0, имаше 2-1 до 87-мата минута, но во финишот домашните направија пресврт и спречија да се испише историја во Спортската прогноза.

Останува уште едно коло до крајот, паровите ќе бидат објавени утре. Во генералниот пласман води Зоран Т. со 200 поени, пред Богољуб Ј. со 198 и Кирил П. со 197. Подароци ќе има за најдобрите петмина од генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести