Шест меча има на денешната понуда од Спортска прогноза, а во фокусот ќе биде дербито во Рим каде на „Олимпико“, Лацио е домаќин на Милан. Според прогнозерите, мали се шансите Лацио да победи, а три бода на Росонерите очекуваат 57 отсто.
Џенова која се бори за опстанок, дома игра против Калјари, а над 90 отсто се шансите некогашниот тим на Горан Пандев да не загуби. Од Серија А, тука е и средбата меѓу Болоња и Удинезе, а играчите на Спортска прогноза се во дилема дали домаќинот ќе победи или ќе биде нерешено, затоа што само 12 отсто веруваат во три бода на Удинезе.
Од бундеслигашката понуда има два меча. Херта во Берлин треба да го победи Штутгарт, а Бохум пред своите навивачи не смее да загуби од Аугсбург, затоа што дури 89 отсто прогнозирале „кец“ или „икс“.
Денешните возбудувања ќе започнат со меч од Премиерлигата и тоа меѓу Барнли и Вулверхемптон. Ова е единствениот дуел од денешните шест средби на кои најмногу проценти се дава на нерешено (42 отсто).
Ако се следат прогнозите на најголем дел од прогнозерите се создава тикет на кој вкупниот коефициент е 51.69 што значи дека со минимални 20 денари, добивката е над 1.000 денари.
1007 Барнли – Вулверхемптон Х (3.05)
3007 Болоња – Удинезе 1Х (1.45)
1808 Бохум – Аугсбург 1Х (1.30)
1809 Херта – Штутгарт 1 (2.95)
3618 Џенова – Калјари 1Х (1.27)
3623 Лацио – Милан 2 (2.40)
———————————————————
Вкупен коефициент 51.69