29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Веќе нема да му текне да го игра Манчестер јунајтед на тикет

Дуелите од Лигата на Европа биле инспирација за еден играч во Sport Life да направи тикет кој го доби епитетот за „статива на неделата“. На тикетот има 16 од вкупно 24-те натпревари кои синоќа се одиграа во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Со само 20 вложени денари, погодени се 15 средби, но радоста за тикетот да биде добитен ја скрати Манчестер јунајтед кој гостуваше кај Аз Алкмар во Холандија. Типувано е дека Манчестер нема да загуби, но дека ќе има најмалку два гола на средбата, која на крајот заврши 0:0.

Иако Манчестер беше голем фаворит на овој меч, најтрофејниот англиски клуб не упати ниту еден удар кон голот на домаќините. Добивката која ќе била реална ако Манчестер дадеше барем еден и примеше еден гол, изнесува 44.101 денари, од кои дури 11.190 денари ќе беа од Фибоначи бонусот.

Да биде разочарувањето поголемо, дуелот Аз Алкмар – Манчестер јунајтед е последен додаден на тикетот.

 

- Оглас -

Најнови вести