25.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Никогаш во историјата на англискиот елитен фудбал немало ден како вчерашниот

Победата на Брајтон на гостувањето кај Ливерпул беше изненадување за многумина. „Енфилд роуд“, кој беше неосвоив бастион за ривалите речиси четири години, сега двапати падна само во неколку дена.

Победата на Брајтон донесе и историски резултат во најсилното англиско натпреварување. Вчера се играа пет меча од Премиер лигата, а во сите пет дуели победија гостите. Никогаш претходно немало ден да има пет средби и на сите пет да се радуваат гостите во елитното англиско натпреварување.

Последен пат да има 4 гостински победи во исто толку одиграни меча било на 17 септември 1991 година, но вчера првпат се случи на сите пет средби да победат гостите.

- Оглас -

Најнови вести