Суперкомпјутер пресметал дека Хрватска има 43,1 отсто шанси да победи во регуларниот дел против Мароко во мечот за трето место на СП во Катар. На африканската селекција шансите за победа се 30,9 отсто, додека за средбата да заврши нерешено во регуларен дел е 26 отсто.
Во Sport Life има специјален сингл да одиграте на речиси сите комбинации кои ќе помислите.
Комбинацијата Крамариќ да даде гол, а Хрватска да победи е со коефициент пет, а ако верувате во Мароко и гол наЕн-Несри квотата е шест. Тука се и стандардните комбинации на бројот на изведени корнери, направени фаули или добиени жолти картони и офсајди.
Може да броите и удари кон противничките голови, дали и за кого би имало пенал или црвен картон.
Од тоа што е познато низ историјата, дуелите за трето место се решаваат во регуларните 90 минути. Од вкупно 19 меча одиграни за трето место, на дури 18 победник имало во регуларниот дел, а еден меч морало да се реши во продолженијата. Тоа било во 1986 година кога Франција на крајот со 4:2 ја победи Белгија. Никогаш досега средба за трето место не се решавала по изведување на пенали, а за тоа да се случи сега по прв пат квотите се привлечни и се над 10, без разлика дали Хрватска или Мароко да се радува по подобро изведување на пенали.