Никој како Адеми, го одигра рекордниот 57-ми меч во Европа за Динамо

Динамо Загреб забележа историски успех, за првпат ќе игра осминафинале во Лигата на Европа, а капитенот Аријан Адеми е рекордер со 57 европски натпревари за популарните „модри“.

И ќе има шанса да стигне најмалку до 59 меча, бидејќи Динамо има најмалку уште еден двомеч, а ја чека ждрепката за следниот противник во петок.

Зад македонскиот репрезентативец е Марин Леовац, кој денеска го одигра 51-виот меч во победата против П’лзењ од 3-0.

Динамо Загреб играше нокаут-меч во европските купови по половина век, а Адеми ќе остане забележан во книгата со клупски рекорди и како играч со најмногу настапи и како капитен во историскиот успех на клубот од „Максимир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести