Никој како Бензема во Примера дивисион во 2022 година

Карим Бензема со два гола е најзаслужен за победата на Реал Мадрид на гостувањето кај Валјадолид во последниот меч на Кралевите во 2022 година. Со овие два погодоци, Бензема само потврди дека тој беше главен играч не само во Реал, туку воопшто во шпанското првенство за оваа година кога изминува.

Според статистиката, ниту еден играч кој е дел од шпанското првенство, не учествувал директно во постигнување на повеќе голови од Бензема. Францускиот голгетер во 2022 година за Реал Мадрид постигна 32 погодоци, а имаше и осум асистенции, што значи дека директно учествувал во 40 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести