Хвича Кварацхелија зад себе има сезона за паметење. Грузискиот офанзивец блесна и остави длабок белег во европскиот фудбал, откако стана шампион во три различни натпреварувања со два клуба во една иста сезона – нешто што ретко се гледа на фудбалските терени.
Сезоната ја започна како фудбалер на Наполи, каде одигра значајна улога во освојувањето на италијанската Серија А, а потоа во зимскиот преоден рок се пресели во Пари Сен Жермен, со кој освои уште три трофеи: Лига 1, Купот на Франција и – највредното од сите – титулата во Лигата на шампионите.
Khvicha Kvaratskhelia has had a flawless season 🏆🤯 pic.twitter.com/YpG7CcaCFI
— OneFootball (@OneFootball) May 31, 2025
ПСЖ во финалето одигра спектакуларно, декласирајќи го Интер со убедливи 5-0 на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен, во натпревар кој ќе остане запишан во историјата како еден од најубедливите триумфи во финале на елитното европско натпреварување.
Со овој успех, Кварацхелија стана актуелен шампион на Италија, Франција и на Европа, остварувајќи „квадрипл“ и ставајќи го своето име меѓу најуспешните играчи во модерната историја на спортот.
Во текот на целата сезона, 23-годишниот грузиски репрезентативец беше симбол на креативност и напаѓачка сила, а оваа година несомнено ќе биде запаметена како најуспешната во неговата кариера досега.