Никој како Хари Кејн, погоди 29 пенали по ред

Баерн Минхен синоќа со 3:0 го победи Вердер Бремен, а најзаслужен за победата беше Хари Кејн. Англискиот репрезентативец постигна два гола и двата од пенал. Прво погоди за 1:0, а потоа стави и точка на средбата со погодок во последните секунди од средбата.

Кејн погоди девет пенали по ред сезонава во Бундеслигата, но серијата на голгетерот е многу подолга. Англичанецот е вистинска гол-машина кога се работи за шутираше пенал. Кејн има неверојатна низа од 29 погодени пенали во сите натпреварувања, рекорд со кој не може да сепофали ниту еден друг играч во светот во моментов.

„Како напаѓач јас сум тој што треба да ја преземе одговорноста да шутирам пенал, посебно кога се работи за пенал што треба да донесе предност. Едноставно треба да продолжам во ист ритам. Убаво се чувствував кога сум дел од тимот. Секогаш треба да бидеме сконцентрирани. Ова е важен месец за нас“, рече Кејн.

- Оглас -

Најнови вести