29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Никој како Лео Меси: Аргентинецот со нов рекорд во САД

Интер Мајами имаше успешен настап на Светското клупско првенство откако успеа да стигне до осминафиналето, каде што беше елиминиран од финалистот ПСЖ. За екипата на Лионел Меси следуваше враќање на обврските во МЛС-лигата, а Аргентинецот продолжи буквално да гази.

Меси стана првиот фудбалер во МЛС-лигата кому му успеало да постигне повеќе од еден гол на четири натпревари по ред. Аргентинецот погодуваше по двапати на дуелите против Монтреал (двапати), Колумбус и Њу Ингланд, а освен осумте гола на овие четири дуели, Меси запиша и пет асистенции.

Аргентинецот оваа сезона има ефект од 15 гола на 19 натпревари во дресот на Интер Мајами, додека само во МЛС-лигата стрелаше 14-пати на 15 меча.

- Оглас -

Најнови вести