Kога за работи за голови од слободен удар никој не е како Меси, еден погодок го дели Аргентинецот од неверојатен јубилеј

Пари Сен Жермен се намачи, но на крајот го победи Лил со 4:3 на Паркот на Принцовите. Светците водеа со 2:0, но гостите направија пресврт и поведоа со 3:2, за да потоа ПСЖ израмни на 3:3, а во 94 минута, Лионел Меси со мајсторски погодок од слободен удар донесе радост за домаќините и победа од 4:3.

https://twitter.com/i/status/1627333376599531521

Овој погодок на Меси му донесе уште едно неверојатно остварување. Тој е првиот фудбалер кој успеал да постигне барем по еден погодок од слободен удар во 16 години по ред. Оваа неверојатна низа на Меси започна во 2008 година, кога и го постигна својот прв погодок од слободен удар.

И во следните три години, Меси постигнуваше само по еден гол од слободен удар, а во 2012 година блесна со седум погодоци директно од прекин. Рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар Аргентинецот го имаше во 2018 година кога погоди дури 10 пати од ваква позиција.

Ако се пресметаат сите погодоци на Меси од слободен удар, тој засега е на бројката од 61 голови. Ако се гледаат сите погодоци на Лео во кариерата, тој стигна до бројката од 699, што значи дека наредниот гол ќе му биде јубилеен 700-ти погодок во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести