17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Никој како Пеп: Каталонецот е првиот кој ја проби магичната граница на потрошени пари за трансфери

Манчестер сити го купи голманот на Барнли, Џејмс Трафорд, за 36 милиони евра, а Пеп Гвардиола со овој трансфер ја проби магичната граница од две милијарди евра потрошени на нови фудбалери.

Каталонецот е убедливо прв на оваа листа, ако се сметаат трансферите во неговата тренерска кариера во сите екипи каде што бил. Далеку зад него е Диего Симеоне од Атлетико Мадрид со 1,31 милијарди евра, па следуваат Масимилијано Алегри со 1,2 милијарди, Томас Тухел со 1,19 и Антонио Конте со 1,16 милијарди евра.

Сепак, доколку се погледнат имињата на петте тренери кои најмногу потрошиле и трофеите кои ги имаат освоено и ако се земе соодносот, тогаш Гвардиола е убедливо на првото место бидејќи со успех ги предводеше не само Манчестер сити, туку и Баерн Минхен и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести