Реал Мадрид со двата гола од пенал на Килијан Мбапе направи пресврт против Марсеј и победи со 2-1, но и го презеде врвот на вечната листа по бројот на досудени казнени удари во Лигата на шампионите.
Кралевите сега имаат 63 пенали, кои се досудени во нивна корист, па така го минаа Баерн Минхен, кој има 62, но и можност вечерва против Челзи да се израмни со Реал Мадрид или можеби да ги мине.
На третото место е Барселона со 56 пенали, следуваат Манчестер сити со 37 и Арсенал со 36 удари од белата точка.