Никој не дал повеќе голови од слободен удар од Меси, само еден човек утнал повеќе пенали од Лео

Прекрасниот гол од слободен удар и нереализираниот пенал на Лионел Меси синоќа против Валенсија, беа двата моменти кои се анализираа најдолго после мечот. Меси и во минатото има изјавено дека полесно е да се шутне слободен удар отколку пенал, бидејќи притисокот е помал, но има неколку интересни податоци поврзани со неговата лична статистика.

Аргентинецот кој цела кариера игра за Барселона, во кариерата има утнато 29 пенали (тука се сметаат и оние удари од белата точка во пенал серии на елиминациски натпревари), со што се изедначи со неговиот долгогодишен ривал Кристијано Роналдо. Сепак, Португалецот е поуспешен реализатор на пенали, бидејќи извел 170 пенали во кариерата, а Меси има 132, па процентот на реализација на Роналдо е подобар.

Меси првпат во кариерата утна пенал на два меча против ист тим во една сезона, тој не погоди од белата точка и есеноска на „Камп Ноу“ против Валенсија. Ако се сметаат само пеналите во шпанската лига, Меси сега има 14 утнати пенали, со што е втор на вечната листа зад Хуго Санчес кој има 15. На оваа листа, Роналдо кој девет сезони играше за Реал Мадрид, е на делба на петтото место со 11 утки.

Од друга страна, Меси е во страшна форма во новата 2021 година и ја носи Барса кон двојна круна во Шпанија. Има дадено 55 гола од слободен удар, 49 за Барселона и шест за Аргентина, што го прави најдобар во овој елемент. Синоќа против Валенсија му заврши серијата од 20 шута од слободни удари без да даде гол.

- Оглас -

Најнови вести