Никој не го сака, но на Кирјос и не му е гајле – По 7 години бунтовникот од Австралија пак ќе игра гренслем четвртфинале

Ник Кирјос ќе игра во четвртфиналето на Вимблдон по победата во неизвесен меч против Брендон Накашима со 3:2 во сетови.

Контроверзниот Австралиец со грчко потекло има малку пријатели и симпатизери во светот на тенисот, но игра одлично на ова издание на гренслемот во Лондон и ќе биде опасен ривал во завршницата.

Одигра над три часа против 20-годишниот Накашима, кој игра за САД и успеа да победи со 4:6, 6:4, 7:6, 3:6, 6:2.

За Кирјос ова е само трето четвртфинале на гренслем-турнирите, а последен пат беше меѓу осумте најдобри на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн во 2015 година.

Претходната година дебитираше во четвртфиналињата на гренслем-турнирите токму на Вимблдон и сега по третпат ќе игра за пробив во прво полуфинале.

Во следната фаза го чека дуел со Кристијан Гарин од Чиле, кој исто така денеска славеше со 3:2 во долг меч, а евентуален следен противник на двајцата тенисери за финале може да биде Рафаел Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести