Словенија испишува фудбалска историја на ЕП, откако прв пат се пласираше во нокаут фазата. Во трите меча од групната фаза Словенија одигра три нерешени меча, а сега за противник ќе ја има Португалија во осминафиналето.
Што и да направи против Португалија, Словенците се задоволни од настапот, а меѓу оние кои треб да биде презадоволен е и Тими Макс Елшник. Капитенот на Олимпија Љубљана игра одлично, па го привлече вниманието на неколку клубови од елитните лиги. Најавите се дека Саутхемптон и Лестер се во трка за потписот на 26-годишниот Елшник.
https://twitter.com/i/status/1804458436991586484
Моментално цената на Елшник се проценува на 1,5 милиони евра, а во 2020 година во Олимпија дојде како слободен играч кој шест месеци немаше клуб. Играчот за врска има искуство со настап во Англија, но бил дел од клубови кои играле во пониските лиги, за сега да е на прагот од промоција во клуб кој е во Премиер лигата.
Big point to kick off our @EURO2024 , thanks to all the amazing Slovenian fans who came to support us and everyone else watching at home. Time to recharge and see you all in München! 🇸🇮 #srcebije pic.twitter.com/nGRUuMRbW8
— Timi Max Elsnik (@Timi_Elsnik) June 16, 2024