Никој не можеше да ги сопре да прослават: Навивачите направија „фешта“ пред „Енфилд роуд“ (Видео)

Навивачите на Ливерпул дури 30 години чекаа за да се израдуваат на титулата во Премиер лигата и на крајот дочекаа, и тоа во време на пандемија од корона-вирусот. Поради дивеењето на опасниот вирус во светски рамки, фудбалот во Англија се игра без навивачи, па фановите немаа можност да бидат на трибините и да ги поздрават новите шампиони.

Сепак, тоа што не беа на стадион, не значи дека немаше славење. Илјадници навивачи се собраа пред легендарната трибина „Коп“ на стадионот „Енфилд роуд“ и заедно со радуваа на успехот на својот омилен клуб.

Полицијата апелираше да нема собирања и групни прослави, но едноставно никој и ништо не можеше да ги сопре фановите да дојдат пред стадионот и да се радуваат.

- Оглас -

Најнови вести