Никој не можеше да верува: со шут од половина терен третолигаш му даде гол на Сити (Видео)

Третолигашот Лејтон Орион има фантастичен старт во дуелот против Манчестер сити, во четвртото коло од ФА Купот. Членот на Лига 1 во Англија на свој терен игра против актуелниот англиски првак и по 25 минути игра води со 1:0.

Не само што Лејтон Орион успеа да даде гол, туку тоа го направи на спектакуларен начин. Се играше 16 минута кога домаќините тргнаа во напад, голманот на гостите беше излезен далеку од својот гол, па Џејми Долни реши да шутира од речиси половина терен.

Неговиот шут заврши во пречката, а потоа се одби во грбот на голманот Ортега и заврши во мрежата на Манчестер сити за делириум кај домашните навивачи.

- Оглас -

Најнови вести