8.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Никој не очекуваше дека дипломираниот политиколог ќе биде единствен голман што пет меча нема да прими гол во ЛШ

Белгискиот првак Бриж за првпат во клупската историја успеа да ја помине групната фаза од Лигата на шампионите и ќе игра во нокаут-системот. Бриж освои 11 бодови и заврши веднаш зад Порто во групата, а пред Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.

Еден од главните творци на овој историски успех на Порто е голманот Симон Мињоле. Искусниот 34-годишен дипломиран политиколог беше феноменален на пет од шесте средби во групната фаза во кои успеа да ја сочува својата мрежа незатресена. Единствено беше матиран на дуелот против Порто, кога Бриж загуби со 0:4 дома.

Мињоле, кој од 2013 до 2019 година го носеше дресот на Ливерпул, зад себе остава големи голмански ѕвезди и тој е единствениот кој на пет меча во групната фаза не примил погодок.

- Оглас -

Најнови вести