Никој не сака да ја гледа оваа европска селекција: Вечерва играат и продадоа само 680 билети

Андора вечерва е домаќин на Израел во меч од последното коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе биде во Германија. Мечот нема големо резултатско значење за двете селекции затоа што Израел ги загуби шансите за пласман на ЕП, а Андора сигурно е последна во групата само со два освоени бода од девет меча.

Мечот се игра во Ла Вела, кој е главен град на Андора, а стадионот е со капацитет од 3.300 места. Сепак, на денот на мечот има продадено само 680 билети. Домашните навивачи едноставно не се заинтересирани да го гледаат својот национален тим.

„Работме до 20 часот, а мечот започнува 45 минути подоцна. И онака ќе загубиме, па зошто утре да одиме уморни на работа? Да беше мечот во петок или сабота, ќе имаше повеќе публика. Дури и Франција да ни гостува, тука стадионот нема да биде полн“, вели еден мештанин.

Андора успеа да одигра нерешено против Косово (1:1) и против Белорусија (0:0). На останатите седум средби од овие квалификации, Андора загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести