21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Никој не сака да плати рекордна сума: Тотенхем не може да ги продаде правата за името на стадионот

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, постави рекордна цена за продажба на правата за името на новиот стадион за Петлите. Но, првиот човек на актуелниот европски вицепрвак се мачи да најде спонзор кој ќе се осмели да плати 25 милиони фунти годишно, односно да се обврзе за договор од 15 години.

Леви потврди дека потрагата за спонзор трае уште пред да се започне да се употребува ултрамодерниот стадион кој се наоѓа во Лондон, откако клубот во април минатата сезона за првпат одигра натпревар на стадионот кој вреди една милијарда фунти.

Доколку Тотенхем обезбеди купец за правата на името, лондончани ќе го надминат рекордниот договор на Манчестер сити со „Етихад“, кој изнесува 21,9 милиони фунти годишно. Според условите кои ги постави Леви, Тотенхем за 15 години може да заработи 375 милиони фунти од самата продажба на правата за името, а дотогаш фановите ќе го викаат „Стадионот на Тотенхем“.

- Оглас -

Најнови вести