Никој не се грижи за аутсајдерите на ЗОИ – На бугарска олимпијка ѝ излезе „дух“ на патеката (Видео)

Олимпијката од Бугарија, Ева Вукадинова, имаше неочекуван гостин на патеката за слалом на трката што се одржа вчера и во првата слаломска трка за малку ќе се судреше со еден од работниците задолжени за одржување на олимписката патека.

Вукадинова не е во елитната класа на слаломистки, а остана шокирана од негрижата на оганизаторите и ја прекина трката.

Потоа доби втора шанса да ја вози првата трка, а вкупниот настап ѝ беше катастрофален и остана без пласман.

https://twitter.com/Eurosport_FR/status/1491261190378594309?s=20&t=KDbdXc2XpVoibTo7gBrWxQ

Вукадинова реагираше на социјалните мрежи со прашање дали сите имаат еднаква шанса, што е во духот на олимписките игри.

„И со фрактура на дланката скијав добро пред да се појави „духот“ на патеката. Си помислив зошто токму мене ми се случи ова? Зошто не се случи ваков огромен пропуст на организаторите за некоја од 30-те најдобри слаломистки на светот? Можеби доаѓам од мала земја, но нели сите заслужуваме еднаква шанса и ист третман, во духот на олимпизмот. Тажна сум, но и среќна што се борев докрај. Ви благодарам за поддршката“, напиша Вукадинова на „Инстаграм“.

Златниот медал го освои Петра Влхова од Словачка, втора беше Катарина Ленсбергер од Австрија, а бронзата и припадна на Швајцарката Венди Холденер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести