Марио Геце успеа да се врати на фудбалските терени на одличен начин и со добри игри во ПСВ Ајндховен си ја продолжи фудбалската кариера, но сака да игра повторно во некоја од Топ-5 лигите во Европа.
Пред да пристигне во редовите на холаднскиот гигант, кариерата на германскиот јунак од Мундијалот во Бразил беше неизвесна. Геце долго паузираше поради проблеми со метаболизмот и зголемен број килограми, па по настапите за Борусија Дортмунд, во два наврати и еднаш за Баерн на 27-годишна возраст, лани изненадувачки се пресели во Холандија.
За ПСВ игра солидна сезона со шест постигнати голови и пет асистенции. Геце најави дека сака да се врати во клуб од Топ-5 лигите и има таков анекс во договорот со ПСВ да може да си замине без отштета.
Засега ниту германските клубови, ниту останатите од најсилните лиги во Европа не покажаа интерес за ангажман на германскиот јунак од Бразил.
Пред 7 години Геце со победнички погодок во 113-тата минута против Аргентина во финалето на СП ѝ донесе титула на Германија.