Никој не смее ни да помисли да го земе бројот на Рамос

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, уште пред неколку недели го одбра составот со кој Црвената фурија ќе атакува на Европското првенство. За првпат во историјата на големите натпреварувања, во репрезентацијата нема ниту еден играч од Реал Мадрид.

Изненадувачка беше одлуката да нема место ниту за досегашниот капитен на националниот тим, Серхио Рамос, но Енрике објасни дека дефанзивецот поради честите повреди, физички не е подготовен да биде на ЕП 2020. Иако Рамос го нема во составот, факт е дека сите останати репрезентативци покажаа почит кон нивниот досегашен капитен, па при изборот на броеви кои ќе ги носат на континенталниот собир, никој не се осмели да го одбере бројот 15, кој е резервиран за Рамос.

Рамос во националниот дрес има одиграно 180 натпревари и ги има освоено сите најзначајни трофеи. Има постигнато и 23 погодоци. Шпанија на ЕП 2020 е во група со Шведска, Полска и Словачка.

 

- Оглас -

Најнови вести